И ТЕТОВО СЕ СПРЕМА ЗА ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: ФОРМИРАН КРИЗЕН ШТАБ И ПРЕВЗЕМЕНИ ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ

Објавено на 14.05.2019 во 23:19:10 часот | Македонија

Теута Арифи

Според прогнозите на метеоролозите, циклонот Андреа која се карактеризира со интензивни врнежи од дожд, силен ветер и грмежи се очекува да стигне во земјата во следните 48 часа. Поради оваа причина Општина Тетово воспостави кризен штаб кој ќе ја следи состојбата и ќе ги преземе потребните дејствија во однос на безбедноста на животот и имотот на граѓаните.

Општина Тетово ги информира граѓаните имајќи ги во предвид информациите од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Северна Македонија, моменталната состојба со временските услови за интензивни врнежи од дожд, ги стави во целосна подготвеност сите мобилни тимови на ЈКП Тетово и на Територијална противпожарна единица од Тетово (ТППЕ).

Овие единици се веќе на терен и интензивно работат на чистење на каналите на територијата на целата општината со сите расположливи капацитети, механички и човечки.

Вчера и денес се исчистени одводните канали на кружниот тек кај Агрокалишта Блок 70, Улица К.Р Дрнц , Дреновец, подвозник на патот кај село Фалише, како и на други локации идентификувани како критични точки. 
Пред еден месец, беше направено и чистење на речните корита во селата Порој и Голема Речица.

Апелираме до градежните компании за исклучување на пумпите на градежните јами, а граѓаните да не ги паркираат своите возила во близина на одводните канали или во близина на шахтите, со цел да се обезбеди навремена интервенција на мобилните групи.
Исто така ги повикуваме граѓаните да не остануваат на отворен простор или под осамени дрвја, во случај на електрично празнење, а во следните 48 часа да избегнуваат непотребени излегувања, пеш или со нивните возила.

Во случај на интензивни врнежи и поплави доколку имате потреба од помош пријавете на телефонскиот број 193 (ТППЕ Тетово ) , и на 072 798 910 - Центар за информирање и координација во СВР Тетово како и телефонскиот број 072 798 911.

 

 

* реклами:

 

 

 

Македонија

Свет