ТРАГЕДИЈА ВО СКОПСКО ДРАЧЕВО: Ноќеска во сообраќајка загинаа 5 лица, возеле на спротивна лента и се удриле во камион за ѓубре!

Објавено на 15.05.2019 во 12:35:51 часот | Македонија

Пет лица загинаа во сообраќајната несреќа која се случи синоќа околу 23.40 часот на булеварот „Борис Трајковски“, откако автомобил „рено 5“ удри во камион за смет на „Комунална хигиена“. Како што информираа утринава од МВР, со автомобилот управувал 43-годишен скопјанец со иницијали Ј.Л. кој починал на лице место.

На местото починале и сопатниците С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје.

Возачот на камионот, 44-годишниот М.Ј. пак се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа во близина на Драчево, во која пет лица го загубија животот.

Според првичните сознанија од увидот, несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобил Рено 5 со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад. Од здобиените повреди починале сите патници во автомобилот, тројца мажи и две жени.

Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на телата на починатите, а ќе се врши и сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата.

 

 

* реклами:

 

 

 

Македонија

Свет