СКАНДАЛИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЛИЧАТ КАКО ОРГАНИЗИРАНИ ПОЛИТИЧКИ АТЕНТАТИ ОД ЗАСЕДА!

Објавено на 18.05.2019 во 21:56:37 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Дали Павле е фатен како зема мито?

Дали е фатен како краде од државната каса?

Дали загрозува нечија безбедност?

Дали направил предавство?

Дали е фатен како ја користи својата моќ за да наштети некому?

Дали е фатен како договара гласање на закони за лични бенефиции и профити?

Дали е фатен како ја изневерува сопругата?!

НЕ!

Тој е фатен како нарачува лек за својата сестра која е на постела неподвижна од тешка сообраќајка.

Лекот по некоја случајност е означен за нелегална супстанца.

Каде е тука изневерувањето на гласачите кои го гласале па да си даде оставка?!

Скандалите во земјава не се ОДГОВОРНОСТ ПРЕД ПРИНЦИПИТЕ И ИДЕАЛИТЕ туку се ПОЛИТИЧКИ ЗАСЕДИ, СМИСЛЕНИ ПОЛИТИЧКИ АТЕНТАТИ!

Спрегата куртон медиуми - куртон ботови - куртон политичари повторно е на сила!

На мета се оние кои овие изминати години ризикуваа живот и се што имаат за земјата да се ослободи од злото!

Размислувајте вака - АКО ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ ВЕЛИ ДЕКА ТРЕБА ДА СИ ДАДЕТЕ ОСТАВКА, ЗНАЧИ НЕШТО ДОБРО СТЕ РАБОТЕЛЕ ИЗМИНАТИТЕ 5-10 ГОДИНИ!!!

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија