МЕРСЕЛ БИЉАЛИ СО СОВЕТ ДО ЗАЕВ: За добро владеење, треба истовремено да се одречете од другарство, сожалување и атерџиство!

Објавено на 19.05.2019 во 21:38:08 часот | Македонија

Ви пренесуваме дел од колумната на Мерсел Биљали за Цивил Медиа:

Во еден волшебен град постоела продавница на желби. Таму се можело да се купува, од љубов, здравје, богатство, убавина, среќа, па сѐ до кариера, успех и власт. Секоја стока си имала своја цена, а тоа ти била – одрекнување од нешто. На пример, за да купите искрена љубов требало да се одрекнете од богатство. За да купите богатство требало да се одрекнете од чесност. За да купите чесност требало да се одрекнете од луксуз. Најскапо ти било купувањето добро владеење. Тогаш требало истовремено да се одрекувате од другарство, сожалување и атерџиство. А над продавницата стоела рекламата: „Ако вашата желба не е исполнета – веројатно не сте ја платиле цената“!

Владата, за неполни две години, на надворешен план постигна спектакуларни резултати, далеку над балканските умови кои најчесто се робови на глорификација на лажното минато и газењето по сегашноста и иднината. Од држава во распад и ветена земја за криминалци, стасавме до високо почитувана држава, и не случајно што и Папата нѐ посети. Меѓутоа, на внатрешен план, кај што светот достигнува авионска брзина, ние сѐ уште се возиме со парна локомотива. Не се гледа ниту јасна ориентација на кај се движиме. Тоа ја ослабнува кондицијата на владата за долга пловидба по немирни води, за која ѝ е потребна првокласна морнарска екипа. Само еден од нив да не ја знае работата, не можеме ниту сидра да кренеме. Лудвиг Борне вели: „Владата се едрата, народот е ветерот, бродот е државата, а морето е времето. За да пловите брзо и без хаварија, сите треба да функционираат“. А ние со едни просечни функционери кои имаат натпросечни афинитети за злоупотреби, никако да тргнеме од пристаништето!

Банана држава – светски лидери

Чиле била најсиромашна држава во Јужна Америка, долги години водена од криминали и банди. По воениот удар предводен од генерал Аугусто Пиноче (кого го сметале за фашист), започна сосема нова ера. Владата го ангажирала познатиот американски економист Милтон Фридман со својата екипа. Тој вовел голема либерализација во претприемништвото и пазарот. Само во мали сегменти допуштил некаков државен интервенционизам. Ги поедноставил иницијативите и процедурите за ефикасен бизнис, воведе голема либерализација во користењето на државното земјиште и другите ресурси, и економијата тргна напред со големи чекори. Сега Чиле, не само што е најразвиена држава на тој континент, туку таа припаѓа и на групата „20 најразвиени држави на светот“.

Африканската држава Гана, од своето формирање е позната по невидената сиромаштија, криминал, глад и чести државни удари. Невработеноста била над 68 отсто. Промените почнувала во 1992 година кога со помош на Западот беше донесено технократско лидерство, која со голема либерализација ја доведе државата до развојно чудо. Сега таа држава е стасана до светско лидерство со економски раст од над 9 проценти годишно, а невработеноста е сведена на симболични 6 проценти. Живеачката е подобрена за цели 14 пати во споредба со 1992 година. Нејзиниот рамномерен развој во сите 216 општини е пример, не само за Африка туку и за целиот свет.

Боцвана е јужноафриканска држава со територија над 70 отсто пустина (Калахари). Пред 35 години била најнеразвиена земја на планетава со само 69 долари БДП по глава на жител. Со одлична екипа и организација со огромна либерализација, стаса до фантастични 14.400 долари БДП по глава на жител. Кога го прашувале боцванскиот лидер Серетс Љан Хама, која е тајната на успехот, тој одговорил – „Тајната е воопшто да нема тајни, туку врвни професионалци и огромна дисциплина“.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет