(ВИДЕО) Прентовиќ: Со мерката „зелена нафта“ 200 милиони денари се враќаат кај 55.000 земјоделци

Објавено на 19.05.2019 во 23:08:37 часот | Македонија

Се реализира уште една значајна мерка во областа на земјоделството а, тоа е „зелената нафта“. – рече денеска на прес конференција Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ,

Тоа е значајна мерка за субвенционирање на трошоците за набавка на нафта за земјоделците.

Со мерката „зелена нафта“ опфатени се 55.000 земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади.

Со оваа мерка значително се олеснува производството на земјоделците и им ги намалува трошоците за производство и механизација и ја зголемува нивната продуктивност и конкурентност.

За прв пат со оваа мерка ќе овозможиме намалување во висина од 30 отсто од трошоците за набавка на гориво со можност понатаму овој процент да порасне и до 50 отсто од трошоците.

Оваа влада, предводена од СДСМ овозможува 200 милиони денари или над 3 милиони евра да се враќаат директно кај граѓаните.

Она што е особено важно е што за зелената нафта можат да аплицираат сите земјоделци, независно дали се мали или големи производители.

Тоа значи дека и оние кои имаат 0,2 хектари или 2 декари земјоделска површина нема да останат без зелена нафта.

По завршувањето на набавката на гориво за земјоделска механизација, земјоделците ќе можат да користат поевтино гориво при крајот на годинешната жетва и почетокот на есенската сеидба.

Зелената нафта значително ќе ги намали производствените трошoци, повеќе пари ќе останат кај земјоделците, но и позитивно ќе влијае на поголема конкурентост на нашите земјоделски производи.

Како одговорна партија продолжуваме со вистиснка грижа за земјоделците преку спроведување мерки кои го унапредуваат и развиваат земјоделството. – порча таа.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет