ОБВИНИТЕЛСТВОТО МУ НАРЕДИ НА МВР ДА ГО УТВРДИ ИДЕНТИТЕТОТ НА ТАКСИСТОТ КОЈ ГО СНИМАЛ ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ И КАЈ КОГО ПРАТЕНИКОТ НАРАЧУВАЛ ДРОГА

Објавено на 20.05.2019 во 23:13:18 часот | Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО МУ НАРЕДИ НА МВР ДА ГО УТВРДИ ИДЕНТИТЕТОТ НА ТАКСИСТОТ КОЈ ГО СНИМАЛ ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ И КАЈ КОГО ПРАТЕНИКОТ НАРАЧУВАЛ ДРОГА

По направените проверки, велат од Обвинителството, доколку се утврди идентитетот на сторители на кривични дела и се обезбедат законити докази, МВР треба да поднесе кривична пријава до Обвинителството. - Пратеникот Павле Богоевски (Фото: СДК.МК)

Основното јавно обвинителство до Министерството за внатрешни работи достави Наредба за да бидат направени проверки околу утврдување на идентитетот на таксистот кој наводно извршил снимање на разговорот, да се направат проверки од кое лице евентуално била нарачувана наркотична дрога и за кое лице била нарачувана, соопшти Обвинителството по пријавата на пратеникот Павле Богоевски.

Оттаму додаваат дека Министерството за внатрешни работи преку меѓународните инструменти кои ги користи ќе треба да направи проверки и за тоа кој е сопственик на профилот на руската социјална мрежа „Вконтакте“, каде што беше објавен снимениот телефонски разговор на Богоевски, кој на 15 мај во полициската станица „Центар“ пријавил непознат сторител на кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање.

„Според наводите во пријавата, на неодреден датум во периодот од март до мај 2019 година, додека се превезувал со такси возило од неидентификувана компанија и разговарал на мобилен телефон, пратеникот неовластено бил сниман од возачот на такси возилото. Разговорот потоа бил објавен на Јутјуб профилот Бомби 2019 како и на руската социјална мрежа Вконтакте. По приемот на ова известување од страна на надлежен јавен обвинител веднаш беше изготвено барање за доставување податоци до Јутјуб кои се однесуваат на комплетни логови за наведениот профил, ИП адреси користени за пристапување и најавување на тој профил, како и ИП адреса од која е креиран профилот“, велат од Обвинителството.

По направените проверки, велат од Обвинителството, доколку се утврди идентитетот на сторители на кривични дела и се обезбедат законити докази, МВР треба да поднесе кривична пријава до Обвинителството.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет