ВЕЧЕРВА ОД 18.30 ВО МУЗЕЈОТ НА ХОЛОКАУСТОТ ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ЗА ЕДНА ОД НАЈТРАГИЧНИТЕ ПРИКАЗНИ ЗА ПРОГОНОТ НА ЕВРЕИТЕ

Објавено на 23.05.2019 во 13:49:11 часот | Македонија

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија организира промоција на книгата „Струма“ -   една приспивна во темнионата од Хакан Акдоган. Промоцијата е на 23.05.2019 година, со почеток во 18.30 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Промотор на книгата е Академик Ферид Мухиќ.

Книгата „Струма“ зборува за брод кој испловува од пристаништето Констанца во тешките денови на Втората светска војна и се укотвува на бреговите на Босфор крај Истанбул. До каде ќе ги носи овој мртовечки сандак стотиците Евреи во потрага по нова татковина...? Одговорот на ова прашање е една од најсрамните страници на историјата. Судбината на „Бродот на проколнатите“ е да биде потопен во темните води на Црното Море.

Хакан Акдоган (Hakan Akdoğan) е роден во 1971 година во Анкара, Турција. По вокција е филолог. Работел на многу работни места, од чувар во уметничка галерија до  бармен, од комерцијален советник за спортска опрема до раководител на продавница, од радио продуцент до уредник во издавачка куќа. Дипломирал “Англиска филологија” на Универзитетот Хаџеттепе  и “Медиуми и Комуникации” на Анадолскиот универзитет. На Универзитетот Улудаг  работел на програмата “Човекот, општеството и филозофијата”. Има преведено дела од Фернандо Песоа и Маркиз де Сад. Ги има напишано романите “Гола Периде”  (Nü Peride), “Сенката што живее” (Gölge Yaşatan), “Струма”, “Допир” (İlişmek), “Ежово растојание” (Kirpi Mesafesi). Добитник е на наградата Јунус Нади (Yunus Nadi) за најдобар роман.

ФОНД НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

МЕМОРИЈАЛЕН ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

 

 

* реклами:

Македонија

Свет