ЕКСКЛУЗИВНО: НОВИОТ ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ, ЕРОЛ МУСЛИУ БИЛ ПРЕДЛОГ НА ДИРЕКТОРИТЕ НА ЦИА, МИ6 И БНД!

Објавено на 23.05.2019 во 18:22:29 часот | Македонија

Мактел дознава дека директорите за Европа на агенциите за разузнавање, ЦИА, МИ6 и БНД му пратиле телеграма на Стево Пендаровски преку нивните амбасади во Скопје во кои ги предложиле Ерол Муслиу за директор на Агенцијата за Разузнавање.

Се работело за човек кој изминатите 4 години бил директор за комуникација со најголемите партнерски странски служби, важел за голем авторитет во фелата, инаку ученик на број еден разузнавачот во земјава, доктор Зоран Верушевски.

Инаку аферите со кои тој се поврзува, Диво Насеље и протекувањето лажни досиеја за лидерството на ДУИ се само шпекулации, се работи за сосема други актери кои се познати со име и презиме, некои се дури и уапсени и им се суди за тие афери.

Муслиу е чист како солза на тој план, токму затоа е и предлог на најмоќните разузнавачки служби.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет