КОСТАДИНОВ ОД СДСМ: Откако Павле си замина, на ред се голем број на пратеници од ДПМНЕ да си поднесат оставки затоа што се обвинети за сериозни дела

Објавено на 23.05.2019 во 18:52:30 часот | Македонија


 

– Сега, откако оставката од колегата Павле Богоевски е извесна, останува отворено уште само едно прашање:

Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски предмети, ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија?, праша Костадин Костадинов, од СДСМ.

– Отсега, прашањето веќе не е дали Павле Богоевски има легитимитет да ја води Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, туку дали колегите пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат да го бранат криминалот на нивниот почесен претседател во бегство, Никола Груевски?

Дали колегите пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои со недели зборуваа за чесност и морал, ќе покажат одговорност пред граѓаните и ќе му го одземат мандатот на Никола Груевски, и дали оние кои се обвинети за сериозни кривични дела ќе поднесат оставки од своите функции.

Денеска на дело видовме што значи висока морална одговорност пред граѓаните.
Ги охрабруваме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат ЗА одземање на мандатот на Никола Груевски, а оние против кои се водат судски предмети да се повлечат од нивните функции, рече Костадинов.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет