(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЗАЕДНИЧКА СЕДНИЦА НА ВЛАДИТЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА, ПОТПИШАНИ ПОВЕЌЕ ДОГОВОРИ ЗА СОРАБОТКА

Објавено на 24.05.2019 во 14:08:01 часот | Македонија

 

Отвореноста и довербата меѓу Северна Македонија и Црна Гора овозможува неограничен простор за јакнење на врските во сите области од заеднички интерес. Денеска на заедничката седница на владите на и , потпишавме и неколку спогодби и договори за интензивирање на соработката.

Имаме висок степен на синхронизираност по прашањата на досегашните и идните надворешно-политички активности, земајќи ја во предвид надворешната политика и недвосмислената определеност на Северна Македонија и Црна Гора за членство во ЕУ и НАТО.

Денеска со мојот црногорски колега го потпишавме Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Црна Гора за соработка во областа на европските интеграции.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет