НОВ НАЧИН НА ИЗМАМА ВО ЗЕМЈАВА - ПО ГРАДЕЖНА, ШТЕДИЛНА СЕГА МЕБЛАРСКА ИЗМАМА: Наседнати стотици граѓани кои купиле од Нефа, останале и без пари и без мебел!

Објавено на 26.05.2019 во 10:20:53 часот | Македонија

Наседнати стотици граѓани кои купиле од Нефа, останале и без пари и без мебел. Српско-руската фирма  „Нефа мебел“, без никакви најави затвори десетина продавници низ Македонија и остави во неизвесност стотици купувачи кои однапред имаат платено за нарачките, пренесува Канал 5.

– Испразнети преку ноќ останаа дуќаните на Нефа мебел во Скопје. Попусти беа обидите на граѓаните кои уплатиле мебел за својот дом да дознаат нешто повеќе бидејќи во дуќаните нема вработени. Сопственикот кој по потекло е руски државјанин избегал преку ноќ, ограбувајќи ги клиентите Во Србија без работа се останати околу 550 вработени во фабриката и во 34 продавници а во земјава има околу десетина продавници -3 во Скопје, во Велес, Прилеп, Битола, Гостивар, Тетово и Струмица – информира телевизијата.

Засега не е познато колкава е вкупната сума која е ограбена од македонските и српските потрошувачи бидејќи допрва ќе се пријавуваат случаите на измама.

Според српски „Блиц“, измамени се и стотици граѓани ширум Србија, а тешко дека ќе можат да бидат обештетени оние кои платиле а не добиле мебел, но и продавачите кои работеле во продажните салони.

Дел од нив, разграбале нешто од заостанатиот мебел, а дел запленил сопственик на магацин на кој Русите не му платиле ќирија.

ФОТО: Канал 5

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет