ЗА ПОПИСОТ ВО 2020 ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ЛАПТОПИ МЕСТО ХАРТИЕНИ ОБРАСЦИ, СПОРЕД ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ШТО ГО УСВОИ ВЛАДАТА

Објавено на 29.05.2019 во 14:45:53 часот | Македонија

ЗА ПОПИСОТ ВО 2020 ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ЛАПТОПИ МЕСТО ХАРТИЕНИ ОБРАСЦИ, СПОРЕД ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ШТО ГО УСВОИ ВЛАДАТА

Пописот треба да се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2020 година. - Од денешната 137. седница на Владата (Фото: Влада на РСМ)

Владата денеска го утврди текстот на Предлог-закон за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија за 2020 година. Од Владата велат дека новина во овој Попис е користењето на лаптопи наместо хартиени обрасци, што треба да го забрза процесот на обработка и објавување на прибраните податоци.

„Во предлог-текстот на Законот се утврдени методолошките основи на претстојниот Попис, како и организациско-техничките специфики на оваа најголема статистичка операција. Имено, овој Попис ќе се спроведе со т.н. комбиниран метод, односно користење на податоци од претпописната база на податоци и прибирање на податоци од терен, т.е. лично попишување на сите единици на Пописот“, соопшти Владата.

Според предвидениот акциски план, пописот треба да се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2020 година.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет