За мојот поранешен студент и сегашен пратеник во оставка – Павле: Не е точно дека е ова крај на твојата политичка кариера. Напротив. Според мене ова е само почеток на градењето на вистински, одговорен политичар!

Објавено на 30.05.2019 во 00:30:45 часот | Македонија

и пренесуваме дел од колумната на Мирјана Најчевска за Цивил Медиа:

Постапи исправно. Така се постапува во демократските држави. Така постапуваат пратениците со образ и со совест и со два грама мозок. Постои сомнение кое ја нагризува довербата на оние кои те избрале. И тоа е доволно.

Немој да те залажуваат дека е ова некакво херојско дело и дека си ти херојот на нашето време. Не. Ова е нормална постапка во една ненормална држава во која се е превртено наопаку. Ненормално е тоа што пратеници и високи функционери во власта за кои постои сомнение за вмешаност во криминални дејствија, за непотизам, за измами со патни трошоци, за лажно прикажување на трошоци, за недомаќинско трошење на парите на граѓаните, да не сносат одговорност и да не поднесат оставки. Ненормално е во Собранието да седат осудени криминалци. Ненормално е во Собранието да седат осомничени криминалци. Твојата постапка е нормална.

Не е точно дека е ова крај на твојата политичка кариера. Напротив. Според мене ова е само почеток на градењето на вистински, одговорен политичар кој со годините ќе созрее и ќе научи врз основа на сопствените и врз основа грешките на другите. Така се градат политичарите. Со стекнување искуство. Не искуство на крадење и мамење и изигрување на законите и злоупотреба на позицијата.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет