МОЛБА ТО СЕРГЕЈ ОД 1 ТВ: Tе молам немој да бидеш толку брутален со децата кои ги масакрираш во твојата емисија

Објавено на 30.05.2019 во 15:16:54 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Многу интересна емисија прави Сергеј на 1 ТВ.

Модна анализа, слична на онаа што ја правеше Славица Паковска Цаци пред неколку години по телевизиите.

Разликата е што Сергеј прави анализа на обични луѓе а не на јавни личности кои се навикнати на критики.

Уште па и Сергеј во критиките е многу брутален кон малите девојчиња матурантки, буквално ги масакрира со брутални критики.

Во ова време на социојални мрежи ова преставува сепак некаков начин на БУЛИНГ иако знам дека Сергеј нема лоша намера, само сака убаво облечени луѓе и гледана емисија.

Би го замолил Сергеј во критиките да биде малце помек, да не ги навреди и лично да им нанесе невидена траума на децата која може ментално да ги сруши, тие години се страшни за секој млад човек.

Нека биде како ментор, како постар човек со добри меки критики нека ублажи малце во вокабуларот, нека биде како добронамерен критичар, нека намали на шоу, сепак се работи за деца, да има разбирање за нивната психа.

Се надевам Сергеј ќе ја слушне оваа криткка и ќе ја прифати.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија