Објавувачот на „бомби“ со порака до Ахмети: „Твојот човек да се држи подалеку од моето семјство“

Објавено на 31.05.2019 во 00:14:14 часот | Македонија

Eл Чека e псевдоним на човекот кој деновиве објавува „бомби“ претежно за функционери од ДУИ.

Тој е по потекло од Кичево. Во една од објавите му порачува на лидерот на ДУИ, Али Ахмети да се држат на страна од неговото семјство.

„Да му кажеш на твојот човек да се држи подалеку од моето семјство, нема што да зборува со нив, ако почнете со закани спремајте се за бегање” – вели во својот фесјбук статус Ел Чека.

Човекот кој од Чикаго на фејсбук-профилот Ел Чека овие два дена објави неколку, досега необјавени прислушувани разговори, главно меѓу функционерите на ДУИ, најавува продолжување на неговите активности ако државата не го спроведе она што ДУИ го вети, а тоа е меѓународна истрага за кумановските настани.

Во бомбите на Ел Чека се слушаат разговори наводно на високи функционери на ДУИ, почнувајќи од Али Ахмети, Муса Џафери, Блерим Беџети…

Валдет Зекај, осуден на доживотна казна, Шефќет Халаќи и Сами Укшини или командант Соколи кои добија 40 години затвор за терористички напад во Диво Насеље, преку адвокатот Насер Рауфи барале да бидат известени медиумите дека тие ги поседуваат „бомбите“ . Тие наводно побарале од Ел Чека да ги објавува од Чикаго, каде што моментално живее.

На фејсбук-профилот Ел Чека има најави за уште поконтроверзни разговори на функционери од ДУИ, ако не се спроведе меѓународна истрага за овој случај.

Денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, откако беше прашан за овие „бомби“ одби да даде каков било одговор.

одека МВР најавува кривична пријава против објавувачот на најновите „бомби“, корисникот „Ел Чека“ продолжува со објавување на нови прислушувани разговори на „Фејсбук“. Доцна синоќа  Ел Чека  на својот профил објави нови разговори за кој тврди дека наводно телефонски разговараат ексминистерот за правда Блерим Беџети со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во врска со екстрадиција на осуденик во случајот „Монструм“. Денеска пак објави два нови разговори меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и екс министерот Муса Џафери, каде наводно зборуваат за Охридскиот рамковен договор.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска повтори дека полицијата го има детектирано лицето кое стои зад објавувањето на бомбите, а веќе скопското обвинителство го истражува случајот, иако објавувачот не е анонимен и вчера се подбиваше со информацијата на МВР дека го утврдила неговиот идентитет.

И дел од државниот врв го коментираше објавувањето на бомбите. Претседателот на Собранието Талат Џафери, како дел од партијата на Ахмети, прашан дали ако во најновите нелегални прислушувани материјали за сегашни и поранешни највисоки функционери од ДУИ,  ќе поднесе оставка на функцијата ако се искомпромитирал самиот или биде во таков контекст спомнат во тие бомби, кажа дека не коментира забранети и казниви работи со закон.

Премиерот Зоран Заев, пак,  рече дека не слушнал дека се појавиле нови „бомби“ и не може да ги коментира. Очекувам институциите да постапат, зашто финиширањето на Пржинската влада и договарањето беше и правна регулација на неовластеното пуштање во промет на снимки, особено во делот на приватноста, рече Заев.

Лицето „Ел Чека“ тврди дека бомбите се добиени од тројца членови на Кумановската група, кои издрживаат казна во затворот Идризово: Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халими. На својот профил Ел Чека вели дека се слушнал со еден од осудените за Диво Насеље – командант Соколи и дека се договориле да ги објави сите „бомби“ кои ги има.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет