КОЛЕШКАТА САШКА ЦВЕТКОВСКА КРЕИРА ФАМА И ХИСТЕРИЈА БЕЗ РЕАЛНА ПОТРЕБА ЗА ТОА

Објавено на 31.05.2019 во 00:20:28 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Колешката Сашка Цветковска се збунила и ја помешала МАНУ и УКИМ со тимот советници на премиерот Заев.

Според неа, за да бидеш советник на Заев треба да си добитник на десетина награди од типот Златен Венец на Струшки Вечери на Поезијата или па да си академик, професор доктор со начукани 70-80 години во газот...

Она го замислила тоа како некој совет на мудреци кои треба на Заев да му солат памет.

А всушност, таа самата или знае или би требало да знае дека тимот советници на Заев се всушност негови асистенти, на запад тоа се вика СТАФЕРС. 

Значи разни дечки од разни профили кои Заев проценил дека му требаат да му завршат некаква работа и за тоа ги најмил.

Законот му го дозволува тоа и тој свесно ризикувајќи јавни критики решил да ги најми тие луѓе за разни хонорари за да завршат некоја работа или за земјата или пак лично да му помогнат нему да ја врши подобро својата работа, што пак е во служба на државата, затоа што Заев и служи на државата.

Ако Заев избрал лош тим на асистенти, тогаш Заев ќе има последици од тоа, што толку Сашка Цветковска се засекирала за премиерот?!

ОК она може се секира за државата у кој правец ќе оди?! Но уште еднаш повтрорувам, овие дечки не се СТРАТЕЗИ, не се СОВЕТ НА МУДРЕЦИ, они се асистенти, помошници, иако името им е советници и тоа име прави најголема забуна.

Па сега Сашка си дозволува да ги навредува луѓето, ги блати, плука, те биле багабонти, уличари, простаци, нечии швалерки итн итн, нешто што не е во ред.

На крај краева, од која тоа интелектуална експетска висина Сашка дели вакви критики, што таа се замислува, или пак она замислила дека советник на премиерот може да биде само некој интелектуален тешкаш, некој професор признат во светкси рамки?

Но тоа е пак забуна нејзина, уште еднаш повторувам, ова не е МАНУ, не е УКИМ, ова е тим на асистенти, соработници, помошници а не СОВЕТ НА ГЕНИЈАЛЦИ!

Заев точно знаел кој што и зошто е повикан што може да сработи колку тежи и која е користа од секој најмен човек и негова е одговорноста за тоа, нема потреба овие луѓе да се масакрираат и черечат јавно.

Ако Заев одбрал погрешни луѓе тогаш тој ќе биде помалку успешен премиер и на крај тоа е негова одговорност за што ќе си одговара на избори, народот ќе го оцени, и Сашка нема што тука да се секира.

Инаку за колешката имам најдобро мислење, мислам дека е една од нашите најдобри новинари, но јбг кога е владата добра мора и да се цепидлачи за да се креира нешто за да се оправдаат грантовите...

Законите не се прекршени, нема непотизам, нема ништо срамно и спорно, само се бара влакно во јајцето за да се вреви и да се крева хистерија за да има што да се чита по медиумите...

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија