БОМБА НА ФОКУС: Реисот Реџепи купил два апартмани покрај Охридско Езеро за 500.000 евра!!!

Објавено на 31.05.2019 во 00:49:26 часот | Македонија

Во новиот број на неделникот Фокус:

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Македонија блеска, обожува да каже Заев, имајќи ја предвид пред се нашата надворешна позиција, договорите со соседите, оценките во Брисел. Навистина, се чини оти блескаме во Европа, но не затоа што ние сме толку добри, туку затоа што сите други на Западниот Балкан се од црни, поцрни

КОРУПЦИЈАТА КАКО РАК РАНА
За оние кои милуваат да тераат во континуитет сомнителни тендери, не врши работа метла, туку камшик, доколку Заев искрено сака барем да ја намали корупцијата. Нека го прочита извештајот на мониторираните јавни набавки од ЦГК за да види од каде дува коруптивниот ветер

 

СПОРНА МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА
Централата на Интерпол во Лион одбива да ја објави меѓународната потерница со која Македонија го бара бегалецот Груевски. Од МВР уверуваат дека нема пречка, но веќе три месеци потерницата се чува во фиока. Сепак, како што дознава „Фокус“, пречка постои. Интерпол не објавува потерници за бегалци кои веќе нашле законско прибежиште во друга држава, односно добиле азил и го решиле својот бегалски статус

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ: АКО ИМА ПРИЧИНИ, ЌЕ ИЗЛЕЗАМ НА ПРОТЕСТИ И ПРОТИВ ВЛАДАТА НА ЗАЕВ
Шарениот активист Павле Богоевски ја почна славно својата пратеничка кариера, но ја заврши со афера, која се закануваше да ја оцрни неговата биографија. Можеби најголемата грешка му е што не внимаваше доволно на дискрецијата во својот приватен живот.

„РОЛЕКСОТ“ НА ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ
Хаџи Ефенди Сулејман Реџепи, деновиве обелодени дека впечатливиот рачен часовник му е подарок од сопственикот на хотелот „Горица“ во Охрид. Според документите што ги обезбеди „Фокус“, во 2015 година ИВЗ, застапувана од Реџепи, купила два апартмани во хотелско-угостителскиот комплекс „Инекс Горица“ за сума од 510.000 евра!

ДАЛИ ПОСТОИ ЗАЕДНИЧКА ЕВРОПСКА ИДНИНА?
Изборите не се пораз за „традиционалните“ про ЕУ партии кои го задржаа своето мнозинство, но тие се сериозен удар и најава за тоа што можеби следува. Екстремните, популистичките, па и зелените партии се повеќе јакнат, двојно во однос на претходните избори, што директно на долг рок ја загрозува иднината на унијата каква што ја познаваме

ПОУКА ОД ЕВРОПСКИТЕ ИЗБОРИ
Заев може да глуми дека се фатил за метла и да мете сѐ и сешто, ама ако продолжи само да глуми, без реално да оствари нешто од тоа што ветил, наместо да остварува работи што не ги беше ветил, не треба да биде изненаден ако на парламентарните избори биде и самиот изметен од метлата на народот

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
И покрај дилемите околу НАТО, новото ривалство со Русија ги зајакна трансатлантските врски. Според Столтенберг,„остануваме обединети особено сега кога Русија се обидува да не разедини“. Токму планот „Четири триесетки“ усвоен од земјите членки на НАТО, се однесува на брза интервенција на сојузот во случај на европска криза предизвикана со руска интервенција

Сашо ТАСЕВСКИ
Мои сограѓани хомосексуалци, немате никаква потреба од парада, зашто во оваа власт имате многу од ВАШИТЕ. И хомо и би и транџи и манџи и обични поддржувачи. Само нив треба да ги притиснете и ќе добиете сѐ. Исто ви се случуваше и со претходната власт. Пола врхушка околу Груевски беа хомосексуалци, а вас ве шиканираа на улица нивните поданици. И кој е виновен?

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
СДСМ е далеку од рамништето да може да одговори на актуелните политички и економски потреби на граѓаните, државата и општеството. Тоа е лошата вест! Полошата вест е дека и ДПМНЕ и ДУИ се далеку под тој потенцијал на СДСМ. Најголемата заслуга за тоа ја имаат самите партии со својата негативна селекција на кадрите

Ана ПАНОВСКА
Тоа што УНЕСКО предупредува дека ќе ги избрише Охрид и охридското крајбрежје од списокот на заштитените светски богатства како никого да не го засега. Сите гмечат, неубедително се правдаат и чекаат да се случи вообичаената деконцентрација, како за „Скопје 2014“. Сѐ да си остане така, „кај што паднало, таму останало“

Јанаки МИТРОВСКИ
Крсто Мукоски е најспецифичен специмент за македонски политичар закачен за нашите крвни садови. Квази патриот, со дубиозно образование, чие последно работно место пред да стане пратеник беше копање канали низ општините Вевчани и Струга

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет