СПРЕМИ СЕ НАРОДЕ: НЕВРЕМЕ ќе ја погоди Македонија во следните 24 часа, очекувајте многу дожд, грмежи и град – можни локални поплавувања!

Објавено на 02.06.2019 во 14:57:00 часот | Македонија

Во следните 24 часа нашата територија ќе подпадне под интензивно влијание на влажната и нестабилна воздушна маса која е во склоп со плиткиот циклон кој се наоѓа над Медитеранот. Во поголем дел од државава ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека пак локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, силен ветер и појава на град, ваквата состојма не се исклучува можноста да доведе и до локални поплавувања.

Граѓаните ги советуваме во случај на силни електрични празнења во никој случај да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја додека пак овчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Нестабилното време ќе се задржи и во текот на следните денови кога повторно ќе има услови за појава на невреме со град и интензивен пороен дожд.

Подготви: Славчо Попоски

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет