БОМБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД: Јавноста ќе се шокира од имињата зад дивоградбите во Охрид!

Објавено на 05.06.2019 во 19:59:15 часот | Македонија

Последната година и пол општина Охрид издала вкупно 919 решенија за легализација. Во овој период кога во просек се легализирале по 50-тина објекти месечно, има и дивоградби на Националниот парк „Галичица“.

Градоначалникот Константин Георгиевски во интервјуто за Само прашај вели дека тоа се барања кои и да не сакале, морале да ги одобрат оти така наложува Законот за легализација на бесправно изградени објекти. Незначителен број одобренија, едвај неколку, се поништени, но нема одговорност за пропустите.

Соочен со силниот притисок од УНЕСКО и извесниот ризик Охрид да го загуби статусот на заштитено светско природно и културно наследство, градоначалникот вели дека за неполн месец ќе го објави регистерот со дивоградби врз основа на недостатоците што ги утврдиле општинските инспектори од 2010-2014 г. Георгиевски очекува „јавноста да се фрапира“ оти во регистерот ќе се прочитаат сопствениците на познати кафулиња, хотели, семејни куќи, чии објекти ќе треба да се уриваат.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет