Премиере,имам една замерка за тебе за еден настан кој се случи пред неколку денови

Објавено на 07.06.2019 во 20:15:20 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Премиере, сигурно не ти е лесна работата, тоа сум сигурен.

Уште во старт влета во жив песок и ете две години мрдаш малце по малце и де си внатре де си надвор, едвај некако се бориш политички, не ти е лесно.

Но една работа морам да ти ја кажам. 

Значи цел си на брутална критика што од лево што од десно. Над 50% се лажни вести и лажна хистерија.

Но тоа сепак не смее да те изнервира и да те испровоцира и да изгубиш контрола како што ти се случи со новинарот на Инфомакс, Ацо ЦИА.

Он е тешка будалетинка, но си има својот свој филм си го фура, и демократија сме, секоја будала има свое весеље! Јас сум жив пример за тоа, нели :D

Така да, премиере, те молам немој веќе да му се обраќаш така дрско со етикети и обвинувања дека некој му нарачал прашања и слично, остани искулиран како и досега, не го напаѓај човекот, туку одговори му брутално на темата, ако прашал зошто не врне, напрај го џукела со одговорот, но не директно.

Пример, ако те праша кога ќе идеш у затвор, не му враќај со тоа дека е ѓубре новинар, почитувај го, не го навредувај директно, но во одговорот нападни го неговиот смисол за вредности, како тоа не успеал да увиди како ти вредно работиш за доброто на земјата и како он се фокусирал на една црна пропаганда во која можеби и самиот учествува, но сепак должен си да ги почитуваш и респектираш сите, инаку ќе заличиш малце на Груевски и неговиот однос кон мене.

Ова е мала замерка премиере, знам дека ти се испушти и дека нема да ти се повтори, остани си како што беше и до сега, искулиран, демократа, но во одговорите биди брутален на темата, брани се жестоко, брани ги своите визии и потези, биди брутален кон опозицијата, расправај се со новинарите, но без да ги навредиш и нападнеш лично.

Знам дека ќе успееш, верувам јас во тебе.

Што ми е целта со оваа замерка? Не смееш да ги исплашиш новинарите да те прашаат тешко прашање, не смеат да се плашат дека ќе бидат нападнати директно со етикети и навреди, мораш да им ја олесниш работата, дебатирај со нив, ако ептен забегаат избламирај ги, но сепак нека има фер борба без диреткно омаловажување.

Мораш да одиш на картата на победа во дебата каде он ќе се почувствува како кретен што поставил кретенско прашаее, и јавноста ќе го смета за кретен што поставил кретенско прашњее, но откако ќе му одговориш со аргументи и со жар на темата, додека го персираш и почитуваш. Не смееш да го бламираш директно, туку преку одговорот преку тезите, преку аргументите. 

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија