ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Објавено на 08.06.2019 во 18:58:28 часот | Македонија

Демократскиот сојуз смета дека за демократизација на државата, зголемување на одговорноста на власта и демонтажа на триесет годишниот "еднопартиски систем", неопходни се системски промени, меѓу кои и изборниот модел.

Демократскиот сојуз е за пропорционален изборен модел, Македонија да биде една изборна единица и за отворени листи.

Анализата што ја подготви ДС покажува дека само со една изборна единица, составот на Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните, а во носењето на круцијалните одлуки за државата и граѓаните ќе партиципираат повеќе политички субјекти.

ДС ја подржува иницијативата на претседателот Стево Пендаровски за отворање на расправа за изборниот модел, но засега "големите" партии не се расположени да создадат услови за еднакви изборни шанси за сите и губење на нивната монополска положба.

Ги повикуваме СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ја подржат иницијативата за промени во изборниот модел.

Ви благодариме на соработката.
 
Скопје, 08.06.2019
 
Демократски сојуз

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет