СПИЕТЕ ЛИ МИРНО САША БОГДАНОВИЌ И СТЕФАН БОГОЕВ: Да не воведевте мораториум за градење во најатрактивниот дел на Скопје, дали растот на ЏДП ќе беше само 4,1% или 5,6,7,8%, свесни ли сте колку работни места сте уништиле, да не зборам за тоа што ја саботирате својата влада...?!

Објавено на 09.06.2019 во 14:38:10 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Замислете, владата успеа да креира 4,1% раст на домашната економија без забегувања како Скопје 2014-та и без цела градежна индустрија која е практично уништена во Скопје после мораториумите во Центар и Карпош?!

Замислете колку ќе беше растот ако Центар и Карпош не и објавеа војна на градежната индустрија, па стотици милиони евра се свртеа во градењето станови и трговски центри во овие нај атрактивни општини?

Колку ќе беше растот тогаш, 5,6, 7, 8 посто?! Спијат ли сега мирно Српче и Богац?

Ок им признавам, тоа од нив го бараат гласачите, но тие треба да седнат на дебата со гласачите и да ги убедат дека сепак треба и мора да се гради законски во одредена мера која не е штетна за градот и државата, не може се да се стопира и Скопје да остане како што било пред 50 или 100 години, тоа е ненормално, замислете го Њујорк, Лос Анџелес, Сан Франциско, Бостон да изгледа како што изгледале пред 50 или 100 години?!

Па дури и едни Лондон и Москва се градат и изменуваат иако пред еден век биле прекрасни и преубави, сепак секој град мора да се доградува и развива...

Колку ли само работни места се угасени во градежната индустрија и индрустриите кои се врзани со градежната, како фабриките и продавниците за цемент, песок, бетон, железо, плочни, изолација, лепаци, фасади, мебел, бела техника, цигли, ќерамиди итн итн...

Колку данок можело да се наплати, колку комуналии, па тие пари ќе се свртеле во нови улици, градинки, школи, паркови итн итн...

Се надевам дека почитуваните градоначалници на Центар и Каропош ќе се свестат и ќе ја кренат рачната за градежната индустрија.

Може да се развива Скопје со усул и со мерка без да се направи штета а да се има голема корист за сите.

Тука мислам и на намалување на огромните цени на становите и киријата во градот кои се астрономски и неиздржливи за многу луѓе, имањето стан за многу брачни парови е мислена именка.

 

 

* реклами:

Колумни

Македонија