НАЈГОЛЕМИОТ РЕКЕТАР ВО ЗЕМЈАВА Е ТОКМУ ГЕРО, КОГА ПОСЛЕДЕН ПАТ СТЕ СЛУШНАЛЕ ВО КОЛУМНА ДА НАПАДНЕ НЕКОЈ ГОЛЕМ ОЛИГАРХ?!

Објавено на 10.06.2019 во 10:59:59 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Кога милионерот Владо Пешевски Хипо дивееше пред неколку години, тепаше новинари, навредуваше новинарки на прес конференции, се сеќавате ли кој уредник, бард новинарски го бранеше во колумни?!?! Геро, секако...

Кога на почетокот на политичката кариера, Кочо Анѓушев правеше гафови и тоа секој ден по некој гаф, кој молчеше цело време за тоа и објавуваше ПР текстови за фирмите на Анѓушев? Геро секако...

Кој секогаш избегнувал да го спомене Орце Камчев 10 години, кој го бранеше Камчев дека не бил виновен за пропаста на МПМ, кој отвори војна против СЈО за да му помогне на Камчев да се спаси? Па Геро секако...

Кој никогаш во ниту една колумна нема нападнато некој голем македонски олигарх? Затоа што знае дека олигарсите имаат фирми кои еден ден ќе се рекламираат? Па Геро секако...

Кој води војна со години против ситни срмтници кои немаат фирми и се безбедна мета за черечење, како Саше Политико и слични такви индивидуи кои се оставени на ветрометина за да бидат масакрирани за да се ОЧИСТИ простор да не дај боже некој му го наруши статусот на ВОДЕЧКО ПЕРО во земјава? Па геро секако...

Кој другарува отворено со најголемите рекетари во земјава, Сашо Охрид Скај, Марјан Доказ и Зоран Буревесник, додека наводно се бори против рекетарството? Па Геро секако...

Кој е најблизок соработник па дури и бизнис партнер со вечната адвокатка на Латас и Ивона, Анита Бегова која заедно со Латас водеше рекетарска војна со бизнисменот Азманов речиси 10 години? Па Геро секако...

Кој почна невидена хајка против бизнисменот Антиќ за неговиот објект кај ГТЦ па откако оствари со него средба, одеднаш хајката престана, веројатно затоа што креирачот на хајката доби понуда која не може да асе одбие?! Па Геро секако...

Кој води РЕКЕТАРСКА ПРЕСМЕТКА со владата и со Заев само затоа што Заев одбива да го слуша за кадровски, стратешки и за други прашања? Па Геро секако...

Кој е РЕКЕТАРСКИ врзан со најголемито НВО финансиер во земјава, Владе Милчин, до таа мера што е спремен да му ги лиже јавно нозете? Па Геро секако, Бранко Тричковски таа врска ја нарекува ЈАВНАТ ЛАВ ВРЗ АНТИЛОПА... Милчин му има дадено пари за сите големи УСПЕСИ на Геро, збориме за сума од околу пола милион евра ако се соберат парите за Дневник, Плусинфо и Слободен Печат...

Пари кои потоа Геро си ги уновчи на своја сметка откако го продаде Дневник на германски ВАЦ за тогашна фантастична сума од неколку милиона евра, пари од кои и ден денес живее преку издавање на 5-6 станови низ Скопје. Од парите пак од Плусинфо и денес живее како еден од најголемите портали со пригод од реклами во стотици илјади евра годишно.

Геро е еден од најголемите рекетари во земјава. Додека води ЛАЖНА ВОЈНА против рекетарите, за да се скрие пред очите на јавноста.

Баш како што скриените педофили водат најголема ПР војна против педофилите, баш како што скриените педери водат најголема војна против ЛГБТ заедницата, со таа врема и паника тие сакаат себеси да се камуфлираат и скријат.

Така и Геро, везден нешто држи лекции против рекетарство и покажува со прст кон сите, но тој е најголемиот рекетар од сите!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија