Мене уште не ми е јасно како српската пропаганда успеа да ги убеди Македонците дека УЧК се лошите а Тигрите на Аркан се добрите дечки?!

Објавено на 10.06.2019 во 11:37:52 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ај да се договориме, ако УЧК се лошите дечки, тогаш Тигрите на Аркан што се? И тие се лоши или тие се хероите?

Не може двете да се различни, или и двете се добри или и двете се лошите момци на балканот...

Сличностите се големи. УЧК се бореше за ослободување на Косово од Србите.

Тигрите на Аркан се бореа за ослободување на српска Краина од Хрватите.

И двете групи убиваа. Тигрите на Аркан дури и силуваа и убиваа цивили, крадеа покуќнина од Босанците ја пренесуваа со шлепери во Србија и ја продаваа потоа во Белград за упола цена. Исто така Аркан им продаваше намирници и муниција на опколените Муслимани по 10 пати поголеми цени и така стана милионер, пари од кои и денеска живее Цеца.

Но и УЧК не се светци, и тие убија многу цивили Срби.

Тигрите помагаа да се освојат територии во Босна и Хрватска, УЧК се трудеше да освои територии во Србија и Македонија...

УЧК реши да се здружи со Американците, Србите се зезнаа и се здружија со Русија која беше поразена во студената војна и беше на колена во 90-тите.

Се чини тука е клучната грешка на двете страни кои се бореа за исти идеали, со исти методи, но ние во земјава едните ги мразиме а другите ги сакаме, иако за влакно ќе војувавме и со Тигрите исто како што војувавме со УЧК, да не беше Киро Глигоров со својата мудра политика...

Редно е еднаш за секогаш да се разбијат митовите за добрите Срби и лошите Албанци, сите на балканот се исто срање.

п.с Приказните дека едните се добри затоа што сме биле словенски браќа, е смешна, само да ве потсетам дека најкрвавата битка во Европа после втората светска војна се водеше во Вуковар 1991-ва меѓу Србите и Хрватите, двата словенски народа и христијани, но омразата беше толкава што на двете страни загинаа по 10 000 војници и цивили!

п.п.с Приказната па дека со Србите треба да сме сојузници поради истата вера, да ве потсетам дека и Грците се православци па со нив еден век очи си вадиме...

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија