ОМ: Отворени листи и помали плати на пратениците

Објавено на 10.06.2019 во 20:23:23 часот | Македонија

Започнувајќи од независноста на Македонија и паѓањето на  
комунистичкиот режим, изборниот модел во нашата држава не дозволува  
кандидатите за пратеници кои се подолу на листата на партии и коалиции  
да се здобијат со шанса да бидат изгласани од народот.

Гласачите треба да имаат поголемо влијание врз луѓето кои треба да ги  
претставуваат, независно од која партија/коалиција се избрани.

Отворената листа дозволува гласачите да избираат поединци, наместо  
партија. Со отворена листа, гласачите сами го одредуваат редоследот на  
кандидатите, а на кандидатите им дозволува да си водат и сопствена  
кампања за подобро да ги претстават своите визии и идеи пред народот.

Обединети за Македонија е на мнение за промена на избирачкиот модел  
кон отворени листи, но и за плата на пратениците врз основа на  
просечната плата во Република Северна Македонија.

Со тоа, се прави квалитетна селекција и задните намери на пратениците  
се во заден план.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет