Пендаровски лета за Брисел со комерцијален лет

Објавено на 11.06.2019 во 20:50:17 часот | Македонија

Претседателот на државата Стево Пендаровски е на пат за Брисел каде ќе има одделни средби со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и со заменик-претседателот на Европската комисија и високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.

Карактеристично е дека шефот на државата на своето прво патување откако е на функцијата, патува со редовна авионска линија.

Тој заедно со членови на својот кабинет, објави фотографија од авионот.

За време на посетата Пендаровски, како што се наведува во соопштението, ќе се обрати на трибина организирана од „Пријателите на Европа“ и ќе говори на тема „Северна Македонија и нејзината потрага за евроатлантска интеграција“.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет