ЗАЕВ ЗНАЕ ДА ПРОСТИ: Есад Рахиќ е нов директор на затворот Шутка иако со години беше најголем анти-заевист на Бихачка, Димовски – директор на Агенцијата за национална безбедност

Објавено на 11.06.2019 во 21:18:30 часот | Македонија

Директорски позиции за Виктор Димовски и на поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Есад Рахиќ.

Oдлуките за двајцата попладнево поминаа на седница на влада, и се предвидува поранешниот разузнавач и досегашен државен секретар во МНР Димовски да седне на челната позиција во новоформираната агенција за национална безбедност. Есад Рахиќ пак е новиот директор на истражниот затвор во Шутка.

Рахиќ доаѓа на местото на досегашниот директор Ѓоко Котевски кој си поднесе оставка во февруари заради инцидентот со обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност пак Виктор Димовски. Дипломатот покрај позицијата државен секретар во МНР, во минатото беше амбасадор во Србија и Црна Гора и Израел.

 

 

* реклами:

Македонија

Свет