ВЛАТКО ЃОРЧЕВ, ВРЕМЕ Е ДА СИ ЗАМИНЕШ ОД МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА, И ТИ СИ СИМБОЛОТ ЗА РЕЖИМОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ИСТО КОЛКУ ШТО СЕ САШО МИЈАЛКОВ И ГРУЕВСКИ!

Објавено на 16.06.2019 во 23:45:09 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Исто како што се пикна во ѓепек и ја спрашти за Будимпешта, исто требаше да го направат барем 10-20 високи фиункционери во ВМРО ДПМНЕ.

Еден од нив секако е иконата на партијата, Влатче Ѓорчев.

Тој беше клучен пратеник на партијата во парламентот и требаше 12 години да се потруди да ја контролира партијата и владата за да не забега.

Што правеше наместо тоа Влатче? Ја ораше земјата и учествуваше во сите изборни кланици, преземаше партии, местеше изборни мајмунлаци како она со Шеќерова или Јанис Макрис, и секако, се кикотеше како недоквакан тотално без грам совест и одговорност во што учествува...

Можебио тој не е осомничен од СЈО, но тој треба да биде осомничен од јавноста за лице кое најмногу придонесе за она што се нарекува РЕЖИМ НА ВМРО ДПМНЕ!!!

Секогаш највисоко во партијата, секогаш најблизок до лидерот, тој знаеше што се случува, или требало да знае.

ТОј требаше да ја заштити државата и народот од тие клептомани, диктатори, лудаци, изроди кои зацрнија толку многу фамилии во земјава со личната политичка пресметка.

Влатче имаше доволно време да покаже од што е направен и колку е принципиелен. 

Имаше време да се дистанцира, да повика на време на промена на курсот или пак да се приклучи на отпорот, но не, тој остана до крај во машината која газеше се пред себе.

Затоа Влатче, почни да се пакуваш и замини од македонската политика, засекогаш, доста ни беше од тебе!

Остај им место на новите лица како Тимчо Муцунски и секако, Петар Богојески.

 

 

* реклами:

loading...

Колумни

Македонија