ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ ВО ШОК: Притворен поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини

Објавено на 18.06.2019 во 22:39:41 часот | Спорт

Според информативниот интернет портал „Медиапарт“, Мишел Платини изутринава бил однесен во полициски притвор, во рамките на истрагата за доделувањето на Светското првенство во фудбал на Катар во 2022 година, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Мишел Платини во моментов е на сослушување во просториите на Антикорупциската канцеларија на судската полиција, во Нантер.

Поранешниот претседател на УЕФА се испитува во врска со истрагата за спорното доделување на Светското првенство во Катар во 2022 година.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Спорт

Македонија