СЕПАК ИМА РАЗЛИКА: НОВ АСФАЛТ НА ПАТОТ ШТИП-РАДОВИШ ПО 40 ГОДИНИ!

Објавено на 18.06.2019 во 23:02:42 часот | Македонија

Foto

До август треба да заврши реконструкцијата на регионалниот пат Штип-Радовиш. Рехабилитацијата на делницата од 21 километар чини 2,4 милиони евра и се врши со наизменично насочување на сообраќајот. До крајот на летото асфалт треба да добијат и одредени делови од новиот експресен  пат Штип Радовиш чија траса минува паралелно со постоечкиот регионачен пат.

И додека работите на овој пат течат забрзано, новиот експресен пат Штип-Кочани оди со забавено темпо. Една од причините е и откривањето на ранохристијанската базилика кај селото Жиганци, но од Агенцијата за патишта се убедени дека тоа нема да значи и комплетно менување на трасата.

Од  Министерството за транспорт и врски велат дека работат и на решаваење на вториот голем проблем, откако изведувачот на работите на експресниот пат Штип Кочани  уништи дел од каналите за наводнување, па нивите од Балван до Каратманово останаа без вода.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет