ШОКАНТНО: ФАМОЗНИТЕ РЕКЕТАРИ НА ГЕРО, МИКИ, КОКИ И КИКИ МУ БАРАЛЕ РЕКЕТ И НА ТРИЧКО!

Објавено на 19.06.2019 во 22:08:43 часот | Македонија

Дом за пропаднати новинари

Одам утрово во “Корзо”, кога таму Коки, Мики и Кики, грицкаат вруќи ѓевречиња и м´скаат хајнекенчиња.

-Кај сте, бе, рекетари- ги поздравив љубезно- што има ново!?

-Ќе градиме Дом за пропаднати новинари, ако сакаш да ти чуваме еден спрат, изброј на масата 200.000 евра!

Среќа, носев пари со себе. 

Извадив 200.000 евра и му ги тутнав на Кокита под масата.

Сместа ме облеа многу интензивно спокојство.

Што се јавува само кога човек ќе си ја обезбеди иднината и во случај да пропадне! 

Уште повеќе, пропаста му е како клуч со ониксна крушка од апартманот во хотелот на иднината.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет