БОМБА НА ОРДАНОВСКИ: ВМРО ДПМНЕ е најголем лузер овие две години, тие играа на картата дека Заев нема да успее да се договори со Грците, сега од љубомора и завист ќе пукнат!

Објавено на 20.06.2019 во 10:30:14 часот | Македонија

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

Зошто е овој голем напор на истакнати првенци од ВМРО-ДПМНЕ да го девалвираат објективниот успех на евро-атлантската агенда на оваа Влада на Македонија? Зошто е ова инсистирање, дури и со бесрамно лажење, да се омаловажи и дополнително да се дезавуира историската шанса за државава да ја зацврсти својата позиција во НАТО и ЕУ? Зошто нивната психолошка пасија на омраза кон Заев и сè што тој прави и за што се залага, дозволуваат да им помине во следното, психо-патолошко ниво на опсесија со него, на штета на интересите на самата држава?

Овие реторички прашања не се наменети за морализирање околу ставовите на опозицијата. Дебатата за нивниот „образ“ се стави ад акта после првата објавена „бомба“ од прислушуваните разговори, а партискиот морал моментно се чува во подземните катакомби од визбата на Белата палата, на повисоките полици меѓу теглите со прекланска туршија, и е дел од банкарската хипотека под која Груевски им ја остави зградата, сега судски имотно блокирана.

Не, тука се работи за обид за анализа на една погрешна стратегија што опозицијата упорно ја применува, а никако не им дава резултат.

Имено, уште од првиот момент, пред неколку години, за време на лидерските средби во Клубот на пратениците каде власта брифираше за одвивањето на деликатните разговори со Грција за решавање на „проблемот со името“, тесната координација на линијата Мицкоски-Груевски-Иванов направи – како што ќе се испостави – катастрофално погрешна проценка: дека преговорите нема да успеат, дека Заев ќе се избламира и дека тоа ќе влијае врз неговото брзо паѓање од власт. Тоа што останаа стаписани од настаните што следуваа само дополнително им ја замати моќта за рационално просудување.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет