Шилегов заедно со десетина колеги градоначалници во официjална дводневна работна посета на Брисел, каде се пожалил дека општините имаат многу малку пари а многу проблеми за решавање

Објавено на 20.06.2019 во 11:35:47 часот | Македонија

Градоначалникот Шилегов, како претседател на ЗЕЛС и НАЛАС, е во дводневна работа посета на Брисел и учествуваше на дводневниот заеднички консултативен состанок на Комитетот на регионите од Република Северна Македонија со Комитетот на региони на Европската Унија, на кој главна тема беше улогата на локалните власти во процесот на интегрирање на земјата во ЕУ.

На овој состанок, Шилегов како нова вредност го истакна силното лобирање на ЗЕЛС пред централната власт, особено за зајакнување на финансиската самостојност на општините.

- ЗЕЛС се залага за зголемување на приходите за општините од данокот на додадена вредност од 4,5 на 10 насто, на средствата од персоналниот данок од скромните три на 50 насто, за обезбедување доволно средства од дотациите од централниот буџет - рече Шилегов

За време на официјалната посета, Градоначалникот Шилегов имаше обраќање на пленарната сесија на „Денот на проширувањето“, настан на кој присуствуваат сите земјите членки на Комитетот на региони на Европската Унија, на тема „Пари преку вредности? Дали подобреното управување води кон локален социо-економски развој“.

- Како градоначалник на Скопје и претседател на НАЛАС и ЗЕЛС, би сакал да го поканам Комитетот на региони да ги здружи своите напори и да побара од институциите на ЕУ и владите од Западен Балкан да обезбедат рамковни услови кои ќе им овозможат на локалните власти да имаат водечка улога во развојот „од долу нагоре“ – изјави Шилегов во обраќањето на пленарната сесија.

Во тој контекст, Шилегов во своето обраќање ги сумираше резултатите од внатрешниот извештај на Регионалната опсерваторија за децентрализација на НАЛАС (RDO), ги презентираше заклучоците од 7-от извештај за фискална децентрализација на НАЛАС и предложи препораки кои може да помогнат во подобрување на управувањето преку финансии од ЕУ и да доведат до локален социо-економски развој во регионот:

 

Со почит,

Град Скопје

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет