УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ЅВЕРКА ИЗБЕГА ОД ПРАВДАТА: ОЛИГАРХОТ ОРЦЕ КАМЧЕВ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА СУДЕЊЕ, ДАЛИ И ТОЈ ИЗБЕГА ОД ДРЖАВАТА ОТКАКО СЈО МУ ГО ВРАТИ ПАСОШОТ?!?!

Објавено на 20.06.2019 во 13:21:31 часот | Македонија

Бизнисменот Орце Камчев, кој лично ја примил судската покана да сведочи на денешното рочиште за „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски, не дојде.

„Сведокот Јордан Камчев е уредно повикан, а не го оправдал своето отсуство. Барам за следното рочиште да биде стражарно приведен“, рече обвинителот од СЈО Љубомир Лапе.
По ова, судијката Александра Ристеска нареди Камчев за наредното судење на 5 јули да биде приведен со полиција. Но, остави простор, ако во меѓувреме го оправда денешното недоаѓање, ќе ја повлече наредбата.

На новинарката Оливера Трајковска поканата да сведочи ѝ била оставена на врата, бидејќи не била дома. За неа судот ќе бара дополнителни податоци за адреса, татково име и друго.
На рочиштето на 7 септември беа преслушани 35 разговори во врска со апсењето на Љубе Бошкоски, меѓу нив и разговор меѓу Камчев и Трајковска.
„Не ми се допаѓа ова, да му кажеш на пријателот твој, уште прв ден по избори“, вели Трајковска во разговорот.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет