Куртулија полуматурантите кои конкурираа за „Орце Николов“, нема да полагаат приемен, ќе ги запишат сите

Објавено на 20.06.2019 во 23:37:27 часот | Македонија

Учениците кои конкурираат за упис во средно образование, во скопската гимназија „Орце Николов“ нема да полагаат приемен испит, туку сите ќе бидат распределени во деветте постоечки паралелки.

„Сите одлични ученици кои сакаат да се запишат во гимназијата „Орце Николов“ ќе бидат примени без дополнително полагање приемен испит и ќе бидат распределени во деветте паралелки“, вели министерот Арбер Адеми за „Независен весник“.

Во скопската гимназија „Орце Николов“, за упис поднесени беа 404 пријави, а 330 од учениците биле со сите 5-ки. Во училиштето со конкурсот предвидено беа да се запишат 285 ученици во девет паралелки.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет