Геро сакаше да го оцрни СДСМ како насилничка диктаторска мафијашка организација, но обидот не му успеа!

Објавено на 21.06.2019 во 11:19:29 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Замислете ја кога бев тепан со шипки да отидев во седиштето на ВМРО ДПМНЕ да се жалам, ќе ме дотепаа :D Има разлика, СДСМ секогаш била демократска партија, еден век пред ВМРО ДПМНЕ на тема демократија!

Па уште и да ме прими лидерот и претседателот па да осудат насилство, тоа е научна фантастика!

Осудувам насилство и закани кон новинари, но очигледно беше дека Геро сака да креира голем скандал и да го инволвира премиерот Заев во сето ова, демек организирано некој сака да го замолчи свиркачот Геро кој открил голем криминал...

А вистината е далеку од тоа, никој не го ферма Герота, а тој голем криминал кој тој го пишува е само рекла казала приказни за мали деца колку да му се одмазди на Заев што не беше назначен за главен стратег и кадровик во СДСМ.

Не знам дали Геро и порано бил ваков комедијант и циркузант и непресметлива будалетинка, но ако е ова во последно време тогаш треба сите да се загрижиме за менталното здравје на овој човек. Сепак не е млад во години, се е можно.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија