Заев: Нема да дозволам да се загрози слободата на говор и на изразување

Објавено на 21.06.2019 во 19:37:55 часот | Македонија

Премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил објави статус за слободата на говорот и за притиоците кон новинарите, откако вчера новинарот Бранко Героски објави дека добил закани од лице кое се претставува како обезбедување на СДСМ.

Објавата на Заев ја пренесуваме во целост:

Демократијата можеме да ја унапредуваме само ако сме гласни и ако ги штитиме слободата на говорот и слободата на медиумите.

Како човек и како политичар најостро осудувам какви било закани упатени до граѓани или новинари, и се борам против сите обиди на загрозување на нивниот интегритет.

Слободата на говор и на изразување се неприкосновени и нема да дозволам на кој било начин да биде загрозено ова елементарно и загарантирано право.

Како премиер на отворена, транспарентна и демократска влада укажувам на важноста медиумите да работат ослободени од притисоци, професионално и пред сè, за граѓаните и во интерес на владеењето на правото и демократијата.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет