Османи демантира дека барал прикривање на убиец и бара Алијансата да му се извини

Објавено на 21.06.2019 во 20:48:09 часот | Македонија

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Осман ги демантира, како што вели, шпекулациите изнесени од страна на Алијансата на Албанците и нејзиниот портпарол, во кои се посочува неговото име како дел од некаква објава на нелегално снимен телефонски разговор.

– Прво, сакам да ја информирам јавноста дека, се работи за целосна шпекулација, измислица и лажна вест. Ниту сум бил вклучен, ниту сум учествувал во активностите кои ги посочува Алијансата и нејзиниот портпарол, ниту пак јас сум оној што е спомнат на нелегалната снимка. Оваа целосно лажна вест има за цел да го наруши мојот политички кредибилитет, како предводник на Европските интеграции во земјава, што со оглед на чувствителноста на периодот, претставува штета што ѝ се нанесува и на земјата – вели Османи.

Вицепремиерот им даде рок од 24 часа на Алијансата и портпаролот Флакрон Беџети целосно да го повлечат поврзување на неговото име и да се извинат за направената штета. Во спротивно, Османи вели дека ќе ги потегне сите правни мерки кои стојат на располагање и тврдењето на Алијансата ќе треба да ги поткрепат пред правосудните органи.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет