Вчеравечер со Гала оперски концерт на Националната опера и балет поддиригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, беше отворено 40.издание на фестивалот Скопско лето, кој традиционално почнува на првиот ден одлетото 21 јуни - Светскиот ден на музиката

Објавено на 22.06.2019 во 20:34:22 часот | Македонија

ПОЧНА  40.СКОПСКО ЛЕТО

Вчеравечер  со  Гала оперски концерт на Националната опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, беше отворено 40. издание на  фестивалот Скопско лето, кој традиционално почнува на првиот ден од летото 21 јуни - Светскиот ден на музиката.

На свеченото отворање на овој фестивал, присуствуваше и градоначалникот Шилегов, кој се обрати пред присутните.

- Овој фестивал, кој повеќето од нас го сметаме за обележје на градот, веќе 40 години ги задоволува вкусовите на сите оние коишто останале во топлото Скопје.Организаторите на фестивалот и годинава во текот на 40 најтопли денови ќе се потрудат со богата програма којашто ќе содржи концерти, претстави, ликовни изложби, мултимедијални проекти, филмска програма, традиционалното кафе кино, како и програма и за најмладите, да ја задоволат естетските вкусови на сите генерации – истакна Шилегов.

 Тој додаде дека  фестивалот преку избор на различни и необични локации како што се Матка,   Марков манастир, Водно, Старата скопска чаршија, Калето, Кејот на Вардар, Градски парк, плоштадите низ градот, старите маала, како и на веќе познатите простори за уметничка интерпретација ја вади уметноста надвор од стандардните простори и ја прави подостапна за сите граѓани и трагачи по културниот туризам.

- И годинава централното градско подрачје и други локации низ  градот и во околината  во вечерните часови ќе се  претвораат во летни сцени на културата, а јас се надевам дека програмата којашто  ја нудиме  ќе  ве привлече да дојдете и да уживате  во палетата културни збиднувања- рече Шилегов на отворањето на фестивалот. 

Со почит,

Град Скопје

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет