ЕНИГМА: ЗОШТО ЗАЕВ ГО СМЕНИ ТЕВДОВСКИ, МАКТЕЛ ГО ИМА МОЖНИОТ ОДГОВОР!

Објавено на 23.06.2019 во 22:32:32 часот | Македонија

Постојаните кавги меѓу Кочо Анѓушев и Тевдовски, беше според нас во Мактел најголемата причина за сменатса на Тевдовски.

Заев сепак го одбра Кочо Анѓушев и реши да го жртвува својот партиски другар Тевдовски.

Најголемите искри во владата беа токму меѓу Кочо Анѓушев и бизнис коморите од една страна и Тевдовски и неговиот советник Јованович, од друга страна.

Едните окорели капиталисти, вторите окорели комунисти.

Засега капитализмот навидум победи, но ќе видиме колку Заев ќе притиска на лево и со својот политички капитал на таа фотеља ќе им даде силина на социјал-демократските идеи и принципи кои Тевдо се обидуваше да ги протне, но отопорот беше страшен, па дури и германската комора и даде НУЛА на владата баш поради ненадејното зголемување на данокот за оние со приходи над 1 милион денари годишно т.е пропорционалниот данок.

За тоа колку големи беа тензиите во владата меѓу Кочо и Тевдо, сведочи фактот што Заев мораше често да прекинува седници за да не избие и тешка вербална пресметка меѓу двајцата.

Она што можеби му помогна на Анѓушев да победи во дуелот со Тевдовски е фактот што е човек од реалниот сектор и има зад себе многу направени компании и вработено над 1000 работници и креирано милиони евра капитал и освоено регионални и светски пазари и тоа Заев очигледно многу повеќе го ценеше како квалитет, додека Тевдовски е професор и нема никогаш направено фирма или пак поделено плата во животот, сите концепти му се на база на теорија и можно е тие теории во пракса да не делуваат позитивно на економијата.

Можно е Заев да се обиде со својот политички капитал така да го води секторот финансии за да ги откочи сите кочници во економијата па земјава да се претвори во балкански економски тигар со раст на БДП од 6,8,10 проценти, што за неколку години ќе ја дуплира просечната плата и животниот стандард на граѓаните.

Да му посакаме среќа на премиерот во овие идеи и планови.

Со тоа што стана самиот министер за финансии, тој практично му даде пас на Кочо Анѓушев да нема никакви пречки во реализацијата на своите идеи, кого и да поставеше друг ќе требаше да се бијат нови битки за сите идеи на Анѓушев, вака Заев ќе му даде целосна поддршка и де факто министер за финансии ќе биде Кочо Анѓушев, но Заев одлучи да не го направи директно тој потег за да не се крене паника дека се засилува влијанието на Анѓушев во владата.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет