УПАТСТВО: КАКО НАЈЛЕСНО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ КОЛУМНИСТИ КОИ ГО МРАЗАТ ЗАЕВ ОД ДНОТО НА ДУШАТА И САКААТ СО СВОИТЕ КОЛУМНИ ДА ГО СРУШАТ ОД ВЛАСТ

Објавено на 24.06.2019 во 19:51:15 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Јавноста за жал е многу лесназа манипулација, причината за тоа е што јавноста поаѓа од себе и мисли дека сите во јавната сфера се со добра намера и пишуваат и настапуваат искрено без некаков заден план и скриени намери.

Јавноста исто така нема многу време да собира информации по цел ден и да анализра, јавноста си има свои гајлиња и во денот троши максимум 1 саат да се информира, па наседнува на оние информации на кои ќе налета по некоја случајност.

Јавноста исто така не е спретна за да пази кога некој искусен уредник со 30 години во газот им ги ПРИТИСКА КОПЧИЊАТА за да ги изнервира и раздразни, тие се едноставно мета на манипулација и измама.

Како на пример да познаете дека некој со своите пишувања се обидува да го сруши Заев од власт? Еве едно кратко упатство како најлесно да препознаете новинари и колумнисти кои го мразат Заев од дното на душата:

1. СИЛЕН ГРОМОГЛАСЕН МОЛК за успесите. Успесите со тоа се прогласуваат за нормална работа, небитна, не се ни приметуваат. Дури се сака и да поминат незабележано како да ги нема. Со тоа се множат со нула. Не се поврзуваат ниту со внимание, ниту со колумни, нити со емоции, па така не се ни паметат од јавноста.

2. ОГРОМНА ПАНИКА за најситни грешки на Заев. Се збори за нив по 2-3 дена и тоа панично, организирано, хистерично.

3. Се прави една чудна теза дека СЕЧИЈА ГРЕШКА НА НАД 4000 ДИРЕКТОРИ, ГРАДОНАЧАНИЦИ, ПРАТЕНИЦИ, МИНИСТРИ, АМБАСАДОРИ, СОВЕТНИЦИ ИТН ИТН се грешка која оди на контотот на Заев, како да е тоа вина сепак на Заев, во очите на јавноста секоја будалаштина на секој од тие 4000 пд првиот вториот и третиот ешалон се врзува со Заев небаре Заев е тој што згрешил, со тоа се бербати ликот и митот за Заев, он се решета, се фрла дамки врз неговото ЦВ, се гранатира и торпедира личниот рејтинг на Зоран Заев.

4. Се креира една луда теза дека власта мора да е БЕЗГРЕШНА и секоја грешка на некој поединец или како група се смета за црвен картон и како огромно разочарување и дека поради таа грешка не вредела нити промената на режимот нити Шарена Револуција нити отпорот нити ништо! Со оваа луда теза се оди на сигурен ПОГОДОК, затоа што едноставно е невозможно да не се случи грешка па оваа теза резултира со ЧИСТ ПОГОДОК и тоа секоја недела по една ваква паника за масовно БЕСЕЊЕ!

А вистината е дека нема безгрешна влада, има влади кои помалце грешат од други, има влади кои се транспарентни или не, има влади кои креираат лажна стварност или не, има влади кои воведуваат диктатура или пак слобода, има влади кои го обогатуваат или осиромашуваат народот, има влади кои го интегрираат народот и земјата со светот или пак го изолираат, има влади кои ја прават земјата по безбедна или пак по склона на немири и конфликти и војни, итн итн, значи нема апсолутно безгрешни влади, тоа е лажен мит, мамка за јавноста, има помалку добри и повеќе добри влади, нема идеални влади!

На крајот на краиштата, битно е како владата реагира на грешките, дали ги крие и игнорира или пак се извинува, поправа, корегира, виновните дали сносат одговорност, оставки дали има, обвинителни процеси против тие што згрешиле, дали се одмаздуваат кон свиркачи, кон новинари кои критизираат или откриваат афери дали затвораат медииуми кои откриваат грешки итн, а не дали е владата безгрешна.

5. Се измислуваат афери и се масакрираат новинари и јавни личности кои се блиски до Заев и наклонети позитивно кон неговата работа. Целта е Заев да се изолира, да се остави сам на чист терен за да може полесно да се масакрира на јавна сцена. Тука планот е здружено да се нападне Заев кој ќе остане сам изолиран за полесно да се кутне на земја и згази.

6. Се помага опозицијата, според овие луѓе сите непријатели на Заев се нивни пријатели, па се РЕХАБИЛИТИРААТ бандити, олигарси, мафијаши, куртон новинари, режимски кучиња, бараби секакви, разочарани Бранковисти, продаднеи души како Стевчо Муња и Солза Грчева, лудаци од секаков тип, сите се сега премачкуваат со разни коректори, се ретушираат, се префарбуваат, се прскаат со разни релавитизациони парфеми, да не смрдат на ѓубрето кое што се. Овде планот е да се помогнат непријателите на Заев за здружено да се победи Муртинецот.

7. Се креираат некакви масовни паники за рекетарски банди помогнати од Заев и СДСМ, на база на рекла казала без никаков документ, сведочење, на база на тоа што некој си газда на медиум трошел многу пари на кондури?! Целта е да се креира мит дека сите се исти, сите се криминалци, нема идеал во политиката, не вреди да се бориш, се шири малодушност, нервоза, гнев, цинизам.

8. Се забранува на власта да се радува на успесите. Се обвинува власта за аздисаност, забеганост ако се дрзне да се порадува на некој голем успех. Со тоа се турка владата во пештера, во дефанзива, да не смее да креира за себе слика за успешна влада, туку секој успех ппминува како погреб.

9. Се забранува власта да се брани од злобамерни манипулативни критики на база на лажни вести или преголема паника за вистински вести. Секој обид на владата да се одбрани се прогласува веднаш за режим! Со тоа се трудат владата цело време да биде со спуштен гард па секој напад да помине без демант без објаснување без контекст, со тоа секоја будалаштина и хистерија се претвора во легитимна паника небаре власта тотално забегала, а сето тоа на крај се книжи на контот на Заев и се руши неговиот рејтинг.

10. Се бомбардира СЈО, со рушење на СЈО ќе се оневозможи едно до најголемитте ветувања на Заев, тоа се бројчаникот и НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР, со тоа се таргетира политичката иднина на Заев, што е и главната цел на овие копилиња кои органски не можат да го сфарат и молат бога што побргу да се врати во Муртино да прави цигли и да пакува ајвар и корнишони.

Бидете умни и опрезни, внимавајте кога читате колумна која ќе ги содржи погорните методи на манипулација, тоа нека ви биде знак дека читате колумна на злобно копиле кое или не го вари Заев на лична основа или пак добило парички од ВМРО за да работи против оваа власт.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија