Реакција од кабинетот на министерот Поповски: Не е точно дека имало совети да се бега од новинарите, напротив, министерката Шекеринска одговараше на сите новинарски прашања

Објавено на 25.06.2019 во 15:49:32 часот | Македонија

Од ИРЛ го обвинија министерот Роберт Поповски, задолжен за отчетност дека ја убедувал Радмила да им избегаат на новинарите:

Поповски, заедно со Шекеринска и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи утрово во Клубот на пратеници, на новинарите им ја презентираше Стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија. По говорите на министрите, снимателите ги подготвија камерите надвор од просторијата во која што се одржуваше презентацијата и ги чекаа тројцата министри надвор за прашања.

Непосредно пред да излезат, му пристапивме на лице од кабинетот на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи бидејќи имавме специфично прашање токму за него. Тој не упати кон холот на Клубот каде камерманите и новинарите веќе беа наместени. Излеговме надвор и го видовме Османи како веќе заминува со службениот автомобил. Со оглед на фактот што не излезе од главната врата, претпоставивме дека скришум се повлекол од задната и незабележлива врата којашто води директно до паркингот со автомобили.

Отидовме до излезот од задната врата за да видиме дали ќе излезат другите двајца министри. Тогаш го слушнавме министерот без ресор задолжен за отчетност и транспаретност, Роберт Поповски, како ги советува пиар службите на Шекеринска да им избегаат на новинарите.

„Подобро да ни се лутат затоа што не сме излегле да зборуваме, отколку да не распнат“, и рече Поповски на Лидија Јанчовска, портпаролката на министерката за одбрана незабележувајќи дека позади нив стои новинар. Тогаш ИРЛ реагираше и му рече: „Вие сте министер за транспарентност и не може така да кажете“, на што тој рече дека изјавите веќе се дадени (мислејќи на презентацијата на којашто немаше дозволено прашања за новинарите).

Тој влезе во дискусија со новинарот на ИРЛ и ни објаснуваше дека и прашањата немале да бидат само на темата на која зборувале министрите. Во опозиционерските денови, Роберет Поповски често ја критикуваше администрацијата на Никола Груевски поради праксата на тематски прашања на прес-конференции.

Министерката Радмила Шекеринска не се сложи со овој совет на Поповски. Инсистираше да излезе пред новинарите. Таа стоеше од внатрешната страна, додека Поповски веќе беше излезен и спремен да замине, но Шекеринска му обрати кусо и го врати назад пред новинарите каде што таа одговараше на сите прашања – и оние на темата и оние надвор од темата.

Неодговореното прашање за Бујар Османи

Функционерите на ДУИ често бегаат од прашања. Бујар Османи ретко разговара со новинарите кои се критични кон неговата работа или неговата партија. Тој врши една од највисоките позиции во Кабинетот на владата – заменик премиер за евроинтеграции. Транспареноста е една од темелните вредности на кои што почива концептот на Европската унија, затоа сметавме дека личноста на којашто и се доверени реформите и европската агенда е најсоодветна да одговори. Ова се трите прашања кои што сакавме да му ги поставиме на вицепремиерот Османи, а кои се однесуваат на тазе владината реконструкција правена во преговори помеѓу коалиционите партнери од власта. Во последните неколку недели Бујар Османи и Садула Дураки се актуелни во јавноста по новите „бомби“, односно прислушувани разговори кои на интерент ги објавуваше лице со псевдонимот „Ел Чака“. Во една од нив, наводно Османи и Дураки помагаат да се прикрие убиство.

 


Од кабинетот на Поповски стаса демант:

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет