ОРДАНОВСКИ: ЗАЕВ ФРЛА СЕ НА ЕДНА КАРТА, СЕ ОТКАЖУВА ОД ПОЛИТИКА!!!

Објавено на 26.06.2019 во 11:39:42 часот | Македонија

Eдна читателка на овие мои секојдневни коментари некни проникливо ми порачува дека, и покрај мојата оценка за „трчимочај“ квалитетот на сегашната реконструкција на Владата на Заев, тој не треба никогаш да се потценува, бидејќи докажал дека поседува инстинкт за преживување рамен на оној на Худини кој, фрлен во затворено буре, со врзани раце и нозе, низ водите на Нијагарините Водопади, на крајот излегува жив, здрав и одврзан од бурето, со широка насмевка на лицето!

Од целата оваа аналогија, јас би се согласил дека Заев во моментов е во бурето, пред да биде фрлен низ водопадот. За насмевката на крајот ќе мора да причекаме.

Заминувањата на Драган Тевдовски и на Петар Атанасов од Владата значително го намалуваат политичкиот, социјалдемократски капацитет на СДСМ во извршната власт. Културата е препуштена на сосема несоодветен кадар, со силни шпекулации за неговите релации кон сфаќањето на Ердоган за тоа како треба да се владее во демократијата. Образованието, заглавено во бројни проблеми, ќе продолжи да се шлепа на патерица, без посериозни шанси за какви било позначајни реформи. Политичкиот систем ќе го раководи кадар кој од модерни политички концепти и практики разбира ракување со вентили. Во секторот на правдата, како што стојат работите, побрзо ни треба некој офицер со биографија од воената полиција, одошто универзитетски професор. Останува Мила Царовска како неприкосновена ѕвезда во социјалните реформи, а противречностите во здравството ќе продолжат да произведуваат секојдневни проблеми речиси и без разлика на тоа кој раководи со него – таму суетите и парите се фактори кои никој жив не може да ги контролира на начин јавниот интерес да биде во прв план.

Остануваат трите државни министерства кои се котвата на стабилноста на власта, иако надворешните работи веќе не зависат од нас и од компетентноста на Димитров; одбраната е на шините на НАТО, и со и без Шеќеринска; а во внатрешните работи, што е добро, превладува резонот на превенција и асистенција, а не производство на „чиста политика“, како што се бевме навикнале во речиси сите изминати триесетина години.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет