ОПОЗИЦИЈАТА ДА ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ЗАКОНОТ ЗА СЈО, РЕЧЕ ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ПЛОМП

Објавено на 26.06.2019 во 21:13:11 часот | Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА ДА ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ЗАКОНОТ ЗА СЈО, РЕЧЕ ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ПЛОМП

Сите политички партии кои сакаат Северна Македонија да почне преговори со ЕУ, да најдат конструктивно решение за СЈО кое ќе одговара и на партиите во власта и на партиите надвор од власта, а за ова опозицијата треба да поднесе одговорност, рече холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, кој денеска денеска во паркот во Чаир заедно со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу возеа велосипед за да се промовира толеранцијата и соживотот. (Фото: Ѓ. Личовски)

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп повтори дека усвојувањето на Законот за Јавно обвинителство останува услов за Македонија да добие датум за почеток на преговори за членство во Европската унија и ја повика опозицијата да понесе одговорност за наоѓање ефикасно решение за статусот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) .

„СЈО направи добра работа со обвиненијата за висока корупција. Ние мислиме дека е многу важно високата корупција да продолжи да се гони, а тоа се однесува и на оваа во минатото и во сегашноста и во иднина. Затоа е важно да се најде ефикасен начин за СЈО да се инкомпорира во Основното јавно обвинителство (ОЈО), но да задржи дел од независноста. Ова е закон за кој е потребно двотретинско мнозинство. Сите политички партии кои сакаат Северна Македонија да почне преговори со ЕУ, да најдат конструктивно решение кое ќе одговара и на партиите во власта и на партиите надвор од власта, а за ова опозицијата треба да поднесе одговорност“, рече Пломп, кој денеска денеска во паркот во Чаир заедно со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу возеа велосипед за да се промовира толеранцијата и соживотот.

На 13 јуни, од Холандската амбасада во Скопје за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека холандската влада ќе инсистира пред Европскиот совет да го постави брзото усвојување на Законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши статусот на СЈО, како услов за одредување датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Холандската влада кажа дека Северна Македонија направила напредок во исполнувањето на условите за отворање преговори, но останува да се направи важен чекор во борбата против корупцијата, а тоа е брзо усвојување на законот во врска со СЈО.

Преговорите меѓу власта и опозицијата за Законот за Јавно обвинителство се закочени. Од власта, преговарач е министерката за правда Рената Дескоска, а од опозицијата преговарач е пратеникот Антонијо Милошоски.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет