БОМБА НА МАКТЕЛ - ЗАЕВ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД СЕКТОРОТ ФИНАНСИИ: НЕМА ДА БИДЕ МИНИСТЕР, НО ЌЕ РАКОВОДИ СО МИНИСТЕРСТВОТО КАКО ВРШИТЕЛ НА ДОЛЖНОСТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ, Т.Е НЕМА ДА НАЗНАЧИ НОВ МИНИСТЕР ДО КРАЈОТ НА МАНДАТОТ НА НЕГОВАТА ВЛАДА!

Објавено на 26.06.2019 во 22:04:58 часот | Македонија

Мактел успеа да дознае дека премиерот сепак лично ќе раководи со секторот финансии, т.е иако нема да биде назначен за министер, сепак ќе го остави местото празно и ќе го менаџира како вршител на должност, нешто што му го овозможува законот за влада.

За тоа зошто толку инсистира на ова, од влада ни одговорија дека Заев е во трка со времето и нема многу време за да ги реализира ветувањата пред граѓаните, па вака ќе се заштеди на време, наместо да се трошат денови и денови во состаноци и убедување за некои проекти и мерки, сега работите ќе одат брзо без никаква пречка, со тоа ќе се забрзаат капиталните инвестиции и протокот на пари во земјава.

Премиерот Зоран Заев во своето гостување во вестите на телевизија Сител истакна дека министерот за финанси, Драган Тевдовски не си ја вршел лошо работата туку време било тој да одржи економска лекција.

Посочи и дека клучно за неговото влегување во финансии било тој да стане министер, а не незадоволството од работата на Тевдовски.

Клучно е моето влегување, а не работењето на Тевдовски, не е дека сум нeзaдoвoлeн. Јас влегувам во последната фаза само во конечната реализација на програмските определби. Следуваат доста решителни и храбри чекори и јас треба да ги носам тие одлуки. Ќе имаме и поголеми плати и пензии и конечно да се почувствуваат економските политики на нашата програма. Оваа година ја прогласивме за економска година. Октомври е почеток на преговори конечно по 15 години, доаѓаат убави времиња за Македонија, треба максимално се да искористиме и затоа влегувам со својот кредибилитет за да одржиме економска лекција, порача Заев.

 

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет