ОТКАКО 12 ГОДИНИ БЕШЕ КЛУЧЕН ДЕЛ ОД ЖЕСТОКА ДИКТАТУРА, ВЛАТЧЕ ШАЈКАТА ДЕНЕСКА ГЛУМЕШЕ ЛУДИЛО, ЗА ШТО ИМА ДОКТОРСКА ТИТУЛА: Заев, ја носите Македонија во авторитаризам

Објавено на 26.06.2019 во 22:26:26 часот | Македонија

Со вашето владење Македонија оди во авторитазриам, рече од собраниската говорноица Влатко Ѓорчев, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тука во законодавниот дом моравме два часа да се убедуваме да прифатите реплики од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев сака да биде министер, се прогласи за шеф на телото за реформи на судството, со еден потег разреши 70 функционери во СДСМ. Ако ова не е авторитарност не знам што. Еден ист човек е премиер, ги води безбедносните служби, сака да ги управува финансиите. Има проблем и СДСМ и  државата, кога Бранимир Јовановиќ ќе каже дека не се менуваат луѓе кои местеле тендери. Проблем е кога Геровски добива закани, кога Курто Дудуш тепа луѓе…Секој ден имаме скандали, а никој ништо е прави…Има фијаско на состојбите, од програмата на владата ништо не е реализирано, рече Ѓорчев.

На ова премиерот Заев реплицираше:„Ние ве победивме во последните два изборни циклуси. Ви го победивме национал-радикализмот, вашиот радикализам, вашиот популизам. Вие продолжете со вашите политики, ќе ве победуваме со леснотија“.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет