ВНИМАВАЈТЕ, ОПЕРАЦИЈАТА ПАД НА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ Е ВО ПОЛН ЕК: ОПОЗИЦИСКИ ИНСТРУИРАНИ АНАЛИТИЧАРИ И НОВИНАРИ САКААТ ДА ГО НАДЕНАТ ЗАЕВ НА МЕТЛАТА

Објавено на 27.06.2019 во 18:21:16 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Операцијата ПАД НА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ е во наредна фаза. Се оди дотаму што се сака Заев да се надене како Исус на тоа метлата и така тој политички да се отепа еднаш засекогаш!

Прво со невидена мрчаторска хистерија и паника се КРЕИРАШЕ атмосфера на незадоволство под изговор дека ЕТЕ СИТЕ СЕ ИСТИ, или пак некакво ИЗНЕВЕРУВАЊЕ НА ИДЕАЛИТЕ и слично за да се креира атмосфера на паника кај народот.

Откако тоа резултираше со тивок бојкот кај народот во првиот круг, Заев мораше да го спасува Пендаровски со изнудена операција МЕТЛА!

Но уште утре дента по најавувањето, неговите смртни непријатели, значи сите МРЧАТОРИ ПОД ЗАДАЧА од страна на опозицијата и разните кујни кои имаат голем интерес Заев да падне по можност уште УТРЕ (разни олигарси обвинети од СЈО, разочарани кадри од СДСМ кои не добиле добри карти и добар дел од колачот при поделбата на власта итн итн) излегоа со громогласен став НЕ Е ДОВОЛНА МЕТЛАТА, САМИОТ ЗАЕВ ТРЕБА ДА СИ ЗАМИНЕ!!!

И сега кога конечно метлата се спроведе, си заминаа речиси сите локални шефови на СДСМ, си замина дури и партискиот секретар, потег незамислив во ерата на ВМРО ДПМНЕ, откако Заев го смени министерот за финансии, клучното министерство во секоја влада, сега се креира нова паника МЕТЛАТА БИЛА ИЗНЕВЕРЕНА?!?! НАРОДОТ БИЛ ИЗЛАЖАН?!?!

Значи се креира една ЛАВИНА која нон стоп го брка Заев со намера да го прегази и Заев нон стоп се дрибла со таа огромна топка која му се тркала позади грб.

Во целата таа операција впрегнати се самата опозиција, нејзини експерти и аналитичари, уредници на медиуми кои до скоро се колнеа во Заев но сега му се одмаздуваат затоа што му се љути што не се главни фаци во новата влада итн итн дури и водителки на ТВ емисии кои се блиски до олигарси осомничени од СЈО.

Иако Заев не вети кој ќе биде сменет, се прави паника како Заев не сменел пола влада после само 2 години власт, иако истите тие пизди молчеа што некои од ВМРО ДПМНЕ не беа сменети ниту  по 10 години забегана мафијашка диктаторска власт!

А сегашната власт нити е режимска, нити е мафијашка, нити е диктаторска, едино е малце претпазлива и спора затоа што работи по закон и процедура, а тие се спори. 

Еден многу стар бизнисмен ми раскажуваше како во комунизмот се решавале ваквите проблеми. Нашиот епски академик и главен економски гуру во комунизмот, Благој Попов, кој ги направи РЕК Битола и ФЕНИ и десетици други големи комбинати и капацитети, имал со себе некој тип кој се викал Ерол.

Штом негде ќе запнело и ќе застанела работата на некој капацитет, Благој Попов ќе дошол со тој свој епски асистент и ќе прашал кај е проблемот, откако ќе му кажеле дека има недоразбирање меѓу катастар, локална власт, централна власт итн итн за тоа кај да бидат стубовите на некој објект, Попов ќе му наредел на Ерол да го реши проблемот, овој пак вадел на лице место турски тапии, почнувал да мери со човечки чекори, ќе земел колец и ќе го забиел во некоја точка и ќе речел:

 - Друже Попов, овдека треба да е тај стуб!

И после сите продолжувле да градат, затоа што другарот Благој Попов дал наредба, стубот да биде кај што измерил Ерол!

Кај нас нема тоа, мора да се мери да се анализира да се прават разни физибилити студии, разни почетни планови, идејни решенија, проектни решенија, па после да се одобри па да се тендерира па ќе пропадне тендер па пак нов тендер па банката не пуштила па министерство не потпишало и додека се тоа да се среди, ете ти помина пома мандат.

Затоа и Заев реши да влезе во целата таа збрка и каша попара и тој да биде еден вид Благој Попов со некој свој Ерол во СДСМ варијанта. Затоа што додека мериме и сечиме си помина мандатот и пак ќе ни се врати ВМРО, тек тогаш сме го онаделе ежот во бодликаво дупе.

Не велам дека се има намера да се работи вон процедура и правила и закони, но сигурно ќе биде малце поунаку кога ќе ти заѕвони на телефон Зоран Заев откколку да ти зѕвони тамо некој си професор со тивок глас како што беше Тевдовски, фино човече што на мравка не гази. Ќе има разлика, ќе има... Ќе се растрчаат малце тоа комуњарите!

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Колумни

Македонија