ЈОВО ПРЕВАРА Е МАХЕР НАД МАХЕРИТЕ, ГЕНИЈАЛЕН КРИМИНАЛЕН УМ, ПАК НАЈДЕ НАЧИН ДА СЕ СПАСИ ОД РАЗРЕШУВАЊЕ, МОРА ДА МУ СЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА Е НЕВЕРОЈАТНО ДОБРО ВКОПАН ВО ПОСЛЕДНИОТ БУНКЕР НА РЕЖИМОТ - ВРХОВНИОТ СУД НА СРМ!!!

Објавено на 01.07.2019 во 21:33:28 часот | Македонија

Двајца адвокати од Скопје, бараат од Врховниот суд на Општа седница да донесе начелно правно мислење според кое за судиите што се предложени за разрешување, меѓу кои е и претседателот Јово Вангеловски, да важи поблаг закон. Општата седница, дознава СДК. засегнатиот претседател Вангеловски ја закажал експресно, за в четврток.

Неофицијално, обезбедено е мнозинство на врховни судии кои би донеле начелно мислење на Врховниот суд со кое за предложените судии за разрешување ќе важи новиот Закон за судови, донесен 2019 година. Новиот е поблаг од стариот Закон за судови, зашто дава можност и за дисциплинска мерка против судијата, а тој да не биде разрешен. Во стариот закон, за судија за кого е поднесена иницијатива за разрешување, ако биде ставен на дневен ред, има опција само најстрога казна. Дисциплински мерки нема.

Иницијативата за разрешување на Вангеловски и уште двајца судии од Врховниот суд, зашто му го укинаа притворот на Сеад Кочан додека беше во бегство. Според новиот Закон за судови, крајниот збор го има Врховниот суд. Судиите кои би ги разрешил Судскиот совет имаат право на жалба токму до Врховниот суд.

„Затоа е потребно начелно правно мислење од Општата седница, според кое за обвинетиот ќе важат нормите од поблагиот Закон за судови и со кој Врховниот суд ќе може по поднесената жалба, разрешениот судија да го врати назад на работа“, објаснуваат судиите со кои разговаравме.

повеќе

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет