БОМБА НА МАКТЕЛ: СЕ СПРЕМА СМЕНА НА МИЦКОВСКИ ОД ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО ВМРО ДПМНЕ!!!

Објавено на 01.07.2019 во 21:40:13 часот | Македонија

ДАЛИ НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ЖЕШКА ЕСЕН И СВИЛЕН ГАЈТАН МУ СЕ СПРЕМА ОД СТРУГА ?!

Повеќе од јасно е дека и после загубените претседателски избори на Христијан Мицковски, и онака климавата фотеља во партијата секојдневно е се полабава. Но дали вистинскиот удар на Мицкоски му доаѓа од групацијата која што јавно му искажа недоверба ( сега притворениот Спиро Ристовски, Мијалков, и од него назначениот лидер на младинската Организација Лука Кржаловски), или од Реформаторите кои сеуште сосема солидно котираат по * туѓите бели дворови* каде што Мицкоски од петни жили се бори да ја добие довербата.... или ударот ќе биде земјотрес токму под неговите нозе?? За што станува збор? Само наивните би помислиле дека Мијалков после толкав труд во ВМРО ДПМНЕ, особено после толкавите * истурени пари* во градбата и опремувањето на белата палата така едноставно ќе остави токму од таму да го нарекуваат предавник и профитер? Зарем е можно командантот да е толку наивен? Секако НЕ.

Само што овој пат , во многу поосмислена тактика, како што доликува на шеф на УДБА мрежата ја плете на самиот врат на Мицкоски, токму како свилен гајтан. Би почнал со анализата на епизода 1 – Струга , град каде Мицкоски го прослави Илинден, каде ја одржа конвенцијата, град на кој посвети минатиов период доволно внимание, но и еден најинтересен е заради фактот дека тоа е градот со скоро најмногу функционери и тоа на клучни позиции токму околу вратот на Мицкоски. Лилјана Затуровска – еден од пратениците кој што сеуште ја држи послушноста во парламентот кон одлуките на ВМРО ДПМНЕ и одлуките на Мицкоски, а и втор човек на женската организација на партијата односно генерален секретар на Унијата на Жени на ВМРО ДПМНЕ. Никола Затуроски ( очигледно роднина на правата) – Трет човек во секретаријатот на партијата и еден од главните помошници на Генералниот Секретар на ВМРО – ДПМНЕ Игор Јанушев.

Јован Јаулески – ни помалку ни повеќе Претседател на Младинската Организација на партијата. Но да го задржиме фокусот на главните карики на најголемиот удар на Мицкоски... неговиот свилен гајтан околу вратот Еден од најголемите критичари на владеењето на Мицкоски, со сомнителен карактер но и * брз јазик и прсти* , што би се рекло без перде и пардон е Васко Јолески. Заговарач и учесник во движењата за БОЈКОТ како на референдумот така и на претседателските избори, за кој сите сме сведоци дека токму бојкотирачите не му дозволија на Мицкоски и неговата партија да изедначи а можеби и ја извојува пресудната победа во првиот круг. Не навлегувајќи во политичката јачина на Јолески, стои фактот дека последните месец дена после загубените претседателски избори најблиските струшки функционери на Мицкоски се секојдневно во интензивна комуникација со него.

Нелогичностите наведуваат многу добар пат на нашата анализа да ги истражува неколку клучни прашања за градот на две води и најголемата опозициона партија : Како е можно , човекот кој што е познат по нискоста на неговиот говор на омраза, изживување и сомнителен карактер и кој што од долу видливите постови на една од неговите преку 40 страници се гледа дека Христијан Мицкоски му е еден од главните таргети на наврeдување, да секојдневно е во одлична комуникација со неговиот трет човек во организационото тело на Партијата Никола Затуроски. Како е можно истиот човек да е во одлична комуникација и дослух со * младиот војвода* Јаулески кој што патем постави во струшкиот огранок претседател кој самиот тој претходно го разреши од истата функција.

Јавна Тајна е дека истиот војвода е во одлична комуникација со својот претходник на кого му беше и генерален секретар – Лука Кржаловски кој патем речено исто така напиша еден катил ферман против Мицкоски и си замина * демонстративно * од Претседателското место, притоа препуштајќи го токму на Јаулески. Да е нашата анализа поинтересна во истите денови Јолески , се линкува и со Кржаловски лично... Од сликите и нашата анализа, јасно се гледа дека на Мицкоски му престои * жешка есен* не само со Заев, туку и во неговата партија токму со остатоците од претходното раководство.

Не оддалечувајќи се многу од регионот, многу поочигледна анализа деновиве ќе изложиме од градот на Конзулите – Битола, каде што на Мицкоски му се плете втората нишка од Свилениот Гајтан.

 

 

* реклами:

 

 

 

 

Македонија

Свет