Владата го разреши Исени од Oдборот на директори на ПУИК, тој му се заблагодари на премиерот за укажаната шанса

Објавено на 09.07.2019 во 21:35:02 часот | Македонија

Владата на денешната седница го разреши Џеват Исени од функцијата неизвршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор, со што автоматски му престанува и функцијата Претседател на Одборот на директори на АДСДП, информираа од Илинденска.

Оваа одлука на владата следува откако медиумите објавија видео на кое се гледа како Исени игра оро на свадбена веселба со пиштол, кој, според него, бил гасен.

Инаку, тој периодов го обвинуваше извршниот директор Кристијан Трајковски за неодговорно и незаконско работење.

Сега веќе поранешниот претседател на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор (АДСДП) , Џеват Исени по одлуката на Владата да биде разреен од функцијата на својот Фејсбук профил му се заблагодари на премиерот Зоран Заев за укажаната доверба да управува со оваа институција.

 

 

* реклами:

loading...

Македонија

Свет